Затекнати 25 гости во ресторан во Врапчиште кој работел по 18 часот, сопственикот е приведен
Полициски службеници од Полициското одделение Галате, во село Неготино, општина Врапчиште вечерва во 20.30 часот го лишиле од слобода М.Б.(30) од тоа село, сопственик на угостителски објект во селото, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”.
Како што соопшти МВР, при извршена контрола во објектот, полициски службеници констатирале дека објектот работи, а во него имало околу 25 гости, спротивно на одлуката на Владата за работа на угостителските објекти.
По документирање на случајот против него ќе биде поднесен поднесок по. чл. 206 од Кривичниот законик. Од страна на Државен пазарен инспекторат Гостивар објектот бил затворен и запечатен со пломба, по што од страна на Б.Б.(37), од с.Неготино, брат на М.Б., пломбата била отстранета, по што и тој е лишен од слобода, стои во соопштението.
Ново на Сител
-
Муцунски во посета на Казахстан: Во фокусот економската и политичката соработка
-
Скопјанец приведен за семејно насилство
-
70-годишен велосипедист од Охрид тешко повреден во сообраќајка
-
43-годишник почина по каснување од пчели во гостиварско
-
Пропадна уште еден обид за конституирање на Собранието на Косово
-
Покрај Крмзов обезбедени уште две лица - Обвинителството за утре најави брифинг за случајот
-
Околу 60 демонстранти приведени во Сан Франциско
-
Фон дер Лајен: Ако не ги заштитиме океаните ја ризикуваме нашата иднина