-->
-->
Застарува делото на Бучковски за „Тенковските делови“
-->
На поранешниот премиер Владо Бучковски му застарува делото во предметот „Тенковски делови“, објави денеска Коалицијата за правично судење, која го следеше овој судски процес.
– На денешното рочиште по предметот „Тенковски делови” јавниот обвинител во завршен збор изврши прецизирање на обвинителен акт, по што настапи застареност на кривичното гонење. Одбраната сепак побара да даде завршен збор на следното рочиште кое се закажа за ден 22.11.2019 година во 13:30 часот, соопшти Коалицијата за правично судење.
Според обвинението за „Тенковски делови”, Бучковски и поранешниот началник на ГШ на Армијата Методи Стамболиски во 2001 година ги злоупотребиле функциите и со нереално барање за набавка на резервни делови за армиските тенкови причиниле штета од речиси 150 милиони денари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции
-
Ќе се врати ли старата цена на осигурување за регистрација на возилата?
-
Обвинителството со огромен број докази за распределбата на спортски ваучери
-
ДУИ притиска: Без нас нема Влада - Од ВМРО-ДПМНЕ децидни Ахмети останува во опозиција
-
Парламентарни избори 2024
-
Вапцање велигденски јајца в зори на Велики Четврток