Живот
7. November 2016 - 13:43

Заспала во автомобилот со кренати нозе - Не се пробудила иста

Дваесетгодишната Бетани Санфајер се враќала дома со момчето по посета на роднините. Во автомобилот направила нешто поради што ќе се кае до крајот на животот.

По долгиот и напорен ден, Бетани сакала да се раскомоти во автомобилот додека нејзиното момче возело. Ги кренала нозете и стапалата ги ставила над касетата.

Додека Бетани одмарала, возилото пред нив се судрило со моторциклист при што настанал верижен судар. Нејзиното момче не можело да го застане автомовилот, но за среќа избегнал удар со кој и ги спасил нозете. Повредите на нозете се најчести при верижен судар.

Моторциклистот погинал, момчето на Бетани завршил со 100 конци, а таа се здобила со повреда која засекогаш и го променила животот, само затоа што нозете ги држела на касетата. Бетани се здобила со скршеници на коските на стапалото, а кога при сударот се активирало воздушното перниче, и ги подигнало нозете при што се здобила со удар на колената во главата. Ги скршила носот, јаболчницата и го повредила окото.

Иако не се сеќава на сударот, последиците ги чувствува секојдневно. Мора да пие 20 таблети дневно кои и користат да ја совлада силната болка.

Бетани по сообраќајката јавно апелирала луѓето да не ја прават истата грешка како што ја направила таа.