Живот
30. November 2017 - 23:21

Заспал зад воланот, па се забил во куќа: За среќа избегната е катастрофа

Еден автомобил се заби во куќа во местото Перис во Калифорнија, а се претпоставува дека возачот заспал зад воланот.

За среќа никој не е сериозно повреден, но надзорните камери покажуваат дека во куќата е направена значителна материјална штета.

Исто така, во моментот на ударот во куќата бил синот на сопственикот и три кучиња, но сите успеале да ја избегнат катастрофата.

Освен огромната штета во дневната соба, на семејството Стјуарт им настрада и кујната.