Засилени сообраќајни контроли во Охрид, за 24 часа изречени 103 казни
![]()
Дури 103 казни се изречени на сторители на најразлични сообраќајни прекршоци во Охрид и околината, во рамки на засилените контроли што ги спроведува Министерството за внатрешни работи, со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.
Како што истакна портапролот на МВР, Тони Ангеловски, најчесто се санкционирани прекршоци за прекорачување на пропишаната брзина на движење, но, и други сторени прекршоци како управување без возачка дозвола, управување нерегистрирани возила и слчно.
– Засилените акциски контроли, спроведени овие неколку месеци, очигледно даваат резултат, затоа што имаме значително намалување на бројот сообраќајни незгоди. Ноември минатата година, споредбено со 2019, имавме намалување на сообраќајни незгоди од 21 отсто, додека, во декември, намалувањето е 23 проценти, рече тој.
Ангеловски истакна дека изминатата, 2020, е година со рекордно најмал број жртви во сообраќајот, што, според него, е пред сѐ последица на засилените акциски контроли што ги спроведува МВР. Податоците покажуваат дека изминатата година е забележано намалување на случаите на управување моторни возила под дејство на алкохол што, според Ангеловски, секако е последица како на засилената присутност на полицијата на сообраќајниците, но и за зголемена свесност кај самите возачи.
Ангеловски во име на полицијата ја искористи можноста, преку обраќање, да упати апел до граѓаните на Охрид и сите возачи, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и на тој начин заеднички да се придонесе за зголемена безбедност на улиците во градовите и на сообраќајниците надвор од неселените места
Ново на Сител
-

Правда ќе ги бара списите за Груевски
-

Венс: Папата да си ја гледа Црквата и да не се меша во американската политика
-

Муцунски телефонски разговараше со Анита Орбан, главен советник за надворешна политика на партијата TISZA во Унгарија
-

Љутков: Заштитен појас под УНЕСКО го кочи автопатското решение кон Ќафасан, во мај се очекува посета на делегација
-

Министерство за економија и труд: Минимален пораст на цените, намалена трговска маржа кај основните производи
-

Научниците предупредуваат - Астероид што ѝ се заканува на Земјата има сила од 22 атомски бомби
-

Африканска прашина повторно ја зафаќа Грција, зголемено загадување на воздухот
-

Полицаец наплатил 500 евра од насилници за „мирно решавање“ на тепачка во Струмица
