Засилена контрола на граничниот премин Деве Баир
На граничниот премин кон Бугарија, „Деве Баир“, од утрово има засилена полициска и гранична контрола, но протокот на патници за влез во државата е речиси минимален.
Од Министерството за внатрешни работи - Регионален центар за гранични работи „Исток“, информираат дека нема никакви организирани групи бугарски државјани кои досега ја минале границата, по повод чествувањето на денот на раѓањето на Гоце Делчев.
Од утрово од 7 часот досега во државата влегоа само дваесетина странски туристи кои транзитираат низ Северна Македонија и тоа со организиран меѓународен автобуски транспорт, додека пак, други лица сѐ уште не влегоа во државата низ овој граничен премин.
Фреквенцијата на патници кои излегуваат од државата е нешто поголема, но вообичаена кога станува збор за викенд патувања.
Претежно минуваат возила од Скопје и останатите градови во земјава кои се упатуваат кон зимските туристички центри во Бугарија, а регуларен е и протокот на патнички товарни возила.
Ново на Сител
-
Aсмир Јахоски во Шутка - Судот ја прифати жалбата на обвинителството
-
Вучиќ: Ќе го уапсиме секој кој ќе предизвика нереди
-
Тема на денот со Љуљазим Фаризи, аналитичар
-
Сквернавење на гробишта
-
Мицкоски: Народот е желен за правда, затоа може да протестира против Судски
-
Уставен спремен за подготвителната седница – домашни и странски експерти ќе дадат оценка за Законот за јазици
-
Бугарија испрати политичка порака деке не е заинтересирана за железничко поврзување со Македонија
-
Политичкиот притисок врз ССМ ќе се одрази во извештајот за напредокот на Македонија