Заштитниот саркофаг во Чернобил е оштетен од дрон, не ги исполнува безбедносните функции

Заштитниот саркофаг на нуклеарната централа Чернобил во Украина, изграден да го задржи радиоактивниот материјал по катастрофата во 1986 година, повеќе не може да ја врши својата главна безбедносна функција поради штета предизвикана од дрон, соопшти нуклеарната агенција на ОН. Украина за нападот ја обвинува Русија.
Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) соопшти дека инспекцијата извршена минатата недела на челичната заштитна конструкција, завршена во 2019 година, утврдила дека ударите со дрон во февруари, три години по почетокот на рускиот конфликт во Украина, го оштетиле саркофагот.
Генералниот директор на МААЕ, Рафаел Гроси, во изјава наведе дека инспекцијата „потврдила дека (заштитната конструкција) ги изгубила основните безбедносни функции, вклучително и капацитетот за задржување, но исто така утврди и дека нема трајни оштетувања на носечките конструкции или системите за мониторинг“.
Гроси изјави дека веќе се извршени поправки, „но сеопфатна реконструкција останува клучна за да се спречи понатамошно влошување и да се гарантира долгорочна нуклеарна безбедност“.
На 14 февруари, ОН соопшти дека украинските власти изјавиле дека дрон со високо експлозивна боева глава ја погодил централата, предизвикал пожар и ја оштетил заштитната обвивка околу реакторот бр. 4, кој беше уништен во нуклеарната несреќа во 1986 година.
Украинските власти тврдат дека дронот е руски, додека Москва негира дека ја нападнала централата.
Нивото на радијација останува нормално и стабилно и нема извештаи за истекување на радијација.
МИА
Ново на Сител
-

Под влијание на влажен бран во следните два дена ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на планините снег
-

Приведена 45-годишна жена, одзела златен накит во вредност од 9.000 евра | ФОТО
-

Грчките земјоделци до петок нема да ги блокираат граничните премини Евзони и Ники
-

Јаневска: Ќе нема предвремен зимски распуст поради загадениот воздух
-

Јордан Митев испиша 20 години македонска музичка историја со песна за својот син
-

Приведен малолетник од Скопје, управувајќи возило ја загрозил безбедноста во сообраќајот
-

Салах донесе победа за Египет на АФКОН
-

Ахмети: Јас ја уништив Југославија, jас не сум претставник на мачки туку на лавови
