Засега Пуџдемон останува во Брисел, соопшти неговиот адвокат
Адвокатот на поранешниот каталонски лидер Карлес Пуџдемон соопшти денеска дека неговиот клиент засега останува во Белгија и покрај тоа што Врховниот шпански суд го повлече меѓународниот суд за негово апсење.
- Засега Пуџдемон останува во Белгија, изјави адвокатот Пол Бекаерт.
Тој за локалната телевизија рече дека постапката против Пуџдемон престанува, но тоа не значи дека поранешниот каталонски лидер ќе се врати во Шпанија.
Шпанскиот Врховен суд денеска информираше дека го повлекува налогот за апсење на разрешениот претседател на регионалната Влада на Каталонија Карлес Пуџдемон, кој е во егзил во Белгија, заедно со уште неколкумина најблиски соработници.
Пуџдемон, членовите на неговата Влада и дел од членовите на каталонскиот Парламент беа обвинети за бунт против Шпанија, при што дел беа притворени во Мадрид, а дел му се придружија на Пуџдемон во Белгија.
Врховниот суд денеска информираше дека барањето за притвор се повлекува со што на обвинетите ќе им се овозможи да учествуваат на изборите закажани за 21 декември.
Белгискиот суд, кој вчера требаше да одлучи дали Пуџдемон и уште четворица членови на неговиот поранешен регионален Кабинет ќе бидат екстрадирани во Шпанија, го одложи донесувањето на решението за 14 декември.
Претходно, како што јави МИА, шпанскиот Врховен суд вчера реши разрешениот потпретседател на каталонската Влада, Ориол Жункерас, поранешниот претседател на Советот за внатрешни работи на Каталонија, Жоаким Форн, како и Жорди Санчес и Жорди Куишарт, претседатели на сепаратистичките организации Каталонско национално собрание и Омниум Културал, да останат во притвор.
Судот ја образложи оваа одлука со „ризик да го повторат делото“.
Шестмината други уапсени каталонски сепаратиситчки лидери се ослободени од притвор со кауција од по 100.000 евра.
Ново на Сител
-
Советниците на средба со превозниците во Град Скопје
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ
-
Советниците на средба со превозниците во Град Скопје
-
Уставни измени
-
Преглед на вестите од светот
-
Редовна седница за пратенички прашања
-
Шилегов со ,,Во бестрага'', ВМРО-ДПМНЕ со критики: СДСМ доби ново раководство
-
Сиљановска во официјална посета на Црна Гора