Засадени 120 дрвца во близина на штипското село Пенуш
Ученици од две штипски средни училишта, советници, вработени во двете јавни претпријатија „Исар“ и „Стипион“, градоначалникот на oпштина Штип Благој Бочварски денеска го пошумуваа крајбрежјето на реката Брегалница, во близина на селото Пенуш.
Учесниците засадија 120 садници, со цел да нема ерозија на земјиштето по течението на реката. Ова пошумување се реализира во рамките на Програмата за зачување на природата во Македонија, којa е финансиски поддржанa од швајцарската Агенција за развој и соработка, во координација со Центарот за равој на Источно-Планскиот регион.Денеска градоначалникот на oпштина Штип, Благој Бочварски заедно претставници од oпштина Штип присуствуваа на пошумување на крајбрежјето на река Брегалница во близина на село Пенуш.
-Денеска се наоѓаме на локацијата во близина на местото Пенуш по течението на реката Брегалница. Едно многу значајно место за Република Македонија и за oпштина Штип коешто е одбрано поради неговата специфичност на растенијата коишто растат овде. Оваа акција е со цел да го збогатиме овој вид на растенија коишто ги снемува од овој вид.Денеска заедно со Источен плански регион, преку програмата на Швајцарската агенција за развој, заедно со директорот на ЈП „Исар“, советници од Совет на oпштина Штип и ученици од две средни училишта сме овде да насадиме 120 садници, рече Бочварски.
Со цел правилно да бидат засадени садниците, професори од Шумарскиот факултет во Скопје на присутните им презентираа, како тоа правилно да го направат.
Ново на Сител
-

Претпладне сончево, попладне променливо облачно и ветровито
-

Одреден 48-часовен притвор за сопругот на починатите жена и дете од Карпош
-

Македонските државјани од Абу Даби ќе се евакуираат со комерцијален лет, се финализираат деталите
-

Пронајдена дрога кај војник - Се огласија од Армијата
-

Американската војска вели дека нападнала над 1.700 цели во операцијата во Иран
-

На обиколницата Скопје - Тетово по излетување од коловоз загина едно лице
-

Трамп: Цените на нафтата ќе паднат кога ќе заврши војната, подобро е ако Иран не го води Пахлави
-

Силни експлозии низ Доха, Дубаи и Абу Даби

