Зариф: Иран ќе се повлече од нуклеарниот договор, ако САД ги обноват санкциите
Иран би можел да се повлече од договорот за иранската нуклеарна програма, доколу САД се обидат да ги возобноват санкциите кон земјата, укинати по постигувањето на оваа спогодба во 2015 години меѓу Техеран и шесте светски сили, изјави иранскиот министер за надворешни работи, Мохамад Зариф.
- Ако Иран во еден момент почувствува дека активностите на посочената земја во врска со санциите се на штета на Исламската Република, пред него ќе се појават неколку можности, а една од нив е и повлекување од нуклеарниот договор, изјави Зариф.
Според него, доколку санкциите бидат возобновени кон сектори што се важни за Иран, како што е извозот на нафта или продажбата на авиони, Техеран има право да донесе одлука во врска со понатомошното почитување на нуклеарниот договор.
Американскиот претседател Доналд Трамп во петокот ја презентираше новата стратегија на САД кон Иран, со која, се предвидува Вашинтон да преземе мерки пртив „дестабилизирачкото влијание“ на Техеран и планира да ја повика меѓународната заедница да се обедини во притисоците врз иранските власти.
Трамп не даде оценка дали Иран го почитува договорот за нуклеарната програма, но најави дека ќе се залага за измени на документот, што стапи во сила во јануари 2016 година.
Ново на Сител
-
Променливо облачно со пороен дожд и грмежи
-
Состојба на патишта
-
Владата донесе одлука со која цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април
-
Фитнесот почна како мода но полека стана здрава навика | Стефанија Бубало | Јанг стори | Sitel Podcast 032
-
ДИК донесе заклучок за конечност на резултатите од првиот круг на претседателските избори
-
Бискупот Стојанов упати Велигденска честитка до Архиепископот г.г. Стефан и верниците
-
Пронајдено тело на починат маж во Вардар во Велес
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција