Зараф: Се надевам дека војната во Јемен нема да предизвика конфликт меѓу Иран и Саудиска Арабија

Иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф изрази надеж дека конфликтот во Јемен нема да доведе до директна конфронтација меѓу Иран и Саудиска Арабија, пренесоа британските медиуми.
-Ние се надеваме дека иако немаме исто мислење за ситуацијата во Јемен или во Сирија, се уште, можеме да работиме заедно за да најдеме решение на овие конфликти, изјави Зариф во својот говор пред Советот за надворешни односи во Њујорк.
Тој додаде дека никој нема корист од граѓанската војна во Јемен.
Коалицијата, на чело со Саудиска Арабија, во 2015 година интервенираше во граѓанската војна во Јемен на страната на владините сили против бунтовниците Хуси, кои се поддржани од Иран.
Саудиска Арабија и Иран пројавуваат ривалство за влијание на Блискиот исток и поддржуваат различни непријателски групи во граѓанската војна во Сирија.
На прашањето дали е загрижен дека може да има директна конфронтација меѓу Ријад и Техеран, Зариф одговори: „Со сигурност се надеваме дека до тоа нема да дојде. Не треба да се бориме едни против други, немаме потреба од тоа. Не треба да се обидуваме да се исклучуваме едни со други од блискоисточната сцена“.
Зариф, кој се наоѓа во Њујорк за учество на седницата на ОН за оддржлив развој, кажа дека немал комуникација со државниот секретар на САД, Рекс Тилерсон, но додаде дека „тоа не значи дека не може да има“.
Ново на Сител
-

Западнонилска треска во Србија: Две постари лица во Белград хоспитализирани со невроинвазивна форма
-

Уапсен маж од Боговиње кој пукал на семејна веселба, а куршум оштетил покрив на куќа
-

Обвинителството поднесе жалба за Талир 2
-

Вкупно 18 пожари на отворено денеска до 18 часот, два се активни
-

Ѓорческа го предаде мечот од второто коло на турнирот во Лајпциг
-

Иран и Оман ја усогласија рамката за отворање на Ормуската Теснина
-

Уапсени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, пет од нив се малолетници
-

222 сообраќајни прекршоци од возачи на мотоцикли, 14 уапсени поради безобѕирно возење
