Запознавање со други религии, ученици ја посетија џамијата во Кавадарци
Во рамки на наставата по предметот општество и тематската целина за запознавање со други религии, но и проектот за меѓуетничка интеграција во образованието кој континуирано се работи во образовниот процес, петтоодделенци од основното општинско училиште „Тоде Хаџи Тефов” од Кавадарци денеска ја посетија кавадаречката џамија.
– Ги запознавме децата со карактеристиките на муслиманската вера, а им појаснивме и по што таа се разликува од другите. Им кажавме дека сепак, во основа на сите е верувањето во Господ или Алах. Нагласивме дека треба уште од најмали нозе луѓето да се учат да се има почит кон било која вероисповед, да не постојат и најмали предрасуди, кога е во прашање нечија верска ориентација, за МИА рече Амет Фазлиов, претседател на Исламска верска заедница Кавадарци.
Учениците кои беа дојдени со своите наставнички имаа можност и да поставуваат прашања. Тие се интересираа за работи кои ги слушнале, доживеале или виделе на филм, а се поврзани со муслиманската вера.
На нивните прашања одговараа Фазлиов и двајцата имами во џамијата.
Ново на Сител
-
Редовна седница за пратенички прашања
-
Шилегов со ,,Во бестрага'', ВМРО-ДПМНЕ со критики: СДСМ доби ново раководство
-
Сиљановска во официјална посета на Црна Гора
-
Судски совет предлага продолжување на мандатот на Весна Дамева
-
Скопје од понеделник под блокада
-
ЕВН прифати повисока цена од ЕСМ, за колку ќе плаќаме поскапа струја?
-
Минималец од 450 евра и нова методологија за пресметка на плати, бара УПОЗ
-
Комплекс ,,Македонско село'' повторно ќе биде понуден на оглас