-->
-->
Започнува тридневната програма во Лигата на шампионките за ракометарки
-->
Со натпреварот кој ќе се игра вечерва од 19 часот, а во кој ЦСМ Букурешт ќе ја пречека екипата на Крим Љубљана, ќе започне тридневната програма во женската ракометна Лига на шампиони.
И за утре е закажан само еден натпревар и тоа дуелот меѓу Митјиланд – Лаврик, додека останатите четири средби од оваа рунда ќе се играат во недела.
Македонскиот шампион ЖРК Вардар по првиот пораз сезонава од Будуќност пред седум дена, овој пат гостува во Франција кај екипата на Мец. Вардарки во првата пресметка убедливо го совладаа францускиот тим со 33-21.
Натпревар Мет – Вардар ќе започне во терминот од 15 часот, а во останатите три средби ќе играат: Турингер - Ференцварош (14 часот), Ѓер - Есбјерг (17) и Будуќност – Астраханочка (19).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Милошевски: РФМ ќе поднесе жалба за судењето
-
Холандија ја совлада Македонската репрезентација во Вараждин
-
Средба на Владата и Синдикатот по враќањето на премиерот од САД
-
Израел одреди 95 палестински затвореници кои ќе бидат разменети за 3 жени заложници
-
Врховниот суд во САД потврди закон за забрана за ТикТок
-
Во Куманово ограбена бурекчилница
-
Политико: ТикТок ќе обезбеди 50.000 долари за инаугурациската забава за Трамп
-
Автобус на ЈСП прегази 60-годишен маж кај Транспортен