Ракомет
3. March 2017 - 17:54

Започнува тридневната програма во Лигата на шампионките за ракометарки

 
 
Со натпреварот кој ќе се игра вечерва од 19 часот, а во кој ЦСМ Букурешт ќе ја пречека екипата на Крим Љубљана, ќе започне тридневната програма во женската ракометна Лига на шампиони. 
 
И за утре е закажан само еден натпревар и тоа дуелот меѓу Митјиланд – Лаврик, додека останатите четири средби од оваа рунда ќе се играат во недела. 
 
Македонскиот шампион ЖРК Вардар по првиот пораз сезонава од Будуќност пред седум дена, овој пат гостува во Франција кај екипата на Мец. Вардарки во првата пресметка убедливо го совладаа францускиот тим со 33-21. 
 
Натпревар Мет – Вардар ќе започне во терминот од 15 часот, а во останатите три средби ќе играат: Турингер - Ференцварош (14 часот), Ѓер  - Есбјерг (17) и Будуќност – Астраханочка (19).