Започнаа физичките проверки на кандидатите за професионални војници во АРМ

По завршувањето на административниот процес, Комисијата за утврдување на физичката способност и Военолекарската комисија при АРМ ја започнале следната фаза од проверките на 580 кандидати кои се пријавиле на огласот за прием на професионални војници во Армијата на Република Македонија.
Како што соопшти Министерството за одбрана, меѓу пријавените кандидати има лица од сите етнички заедници во Република Македонија и над 30 лица се припадници на женскиот пол.
- Деновиве заврши административната фаза од процесот за селекција на професионални војници при што се изврши прием, проверка, евидентирање и комплетирање на потребните документи кои беа доставени од страна на кандидатите. За таа цел комисиите спроведуваат општообразовни, психолошки и тестови за физичка подготвеност, се наведува во соопштението на Министерството.
Кандидатите кои успешно ќе ги завршат тестовите ќе бидат повикани на проверка за пливачка способност на 50 метри од страна на Комисијата за утврдување на физичката способност.
Ново на Сител
-

Предизвикот „24ч Адреналин“ ќе ги поврзе воздухот, земјата и водата во еднодневна авантура низ Македонија
-

Еден загинат, 16 повредени во инцидент на Парадата на гордоста во Берлин
-

Премиерот Мицкоски ќе изврши увид во градежните активности на клучката „Момин Поток“
-

Скопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес
-

Сончево и ветровито
-

Николоски: Градски воз ќе има, ветивме од 1 септември и од 1 септември ќе оперира
-

ЦУК: Три активни пожари на отворено, еден под контрола и осум изгаснати
-

Норис ја освои пол-позицијата на унгарското Гран при
