Започна втората фаза од поставувањето на канализација во Брвеница
Во општинскиот центар Брвеница денеска започнаа градежните работи од втората фаза за поставување на канализациона мрежа. Според планот работите треба да завршат за околу шест месеци со што канализација треба да добијат и Брвеница и соседното село Долно Седларце.
-Со проектот за изградба на канализација започнавме минатата година и досега е направено многу бидејќи е поставен главниот колектор покрај улицата што минува низ Брвеница. Ова денеска е продолжување на главниот колектор до реката Вардар каде што отпадните води ќе имаат физички третман пред да бидат испуштени. На тоа место се планира да се спојат и останатите канализациони мрежи од другите населени места и да има и пречистителна станица, изјави градоначалникот на општина Брвеница Енвер Пајазити.
Проектот е финансиски подржан од Европската инвестициска банка, но дел од средствата се и на општината. Вкупната инвестиција изнесува 24 милиони денари.
-Секаде имаме започнато со поставување на канализација. Во Челопек најголемиот дел е завршен, а и во Милетино имаме уште да работиме како и во Тенова каде што сме започнале. Останува Блаце, Стенче и Волковија, но тие се помали села а опафатени се во овогодинешната програма на општината за инвестирање, рече Пајазити.
Општината ќе треба да ја доврши секундарната и терцијалната мрежа. Со овој проект ќе бидат опфатени 3.200 жители, а предвидениот периодот за изградба е шест месеци.
Ново на Сител
-
Акција на МВР: Околу 50 осомничени за злоупотреби во ПИОМ
-
Неопходни се реформи во правосудството
-
Меџити: И со ДУИ и во Влада не оди
-
Необичен хуман гест- донација од 200 литри магарешко млеко за опоравување на повредените во Кочани
-
Преглед на вестите од светот
-
Ревизорите утврдија низа неправилности во работењето на Бирото за развој на образованието
-
Судот одлучи – ниту 2 милиони евра нема да го спасат Јахоски од притвор
-
Тема на денот со Зоран Љутков, министер за култура