-->
-->
Започна Рута 2 од проектот „Скопје Велоград 2014-2017“
-->

Во должина од 11 километри денеска започнаа градежните работи на Рута 2 со реконструкцијата на велосипедската патека на булеварот „Јане Сандански“ која ќе ги поврзува општина Аеродром, преку општините Центар и Карпош, до општина Ѓорче Петров.
Рутата 2 ги опфаќа булеварите „Февруарски поход“, „Видое Смилевски Бато“, „Јане Сандански“, „Кузман Јосифовски Питу“, „Кеј 13 Ноември“, Плоштад „Македонија“, булевар „ВМРО“ и булеварот „Партизански одреди“ до Порта Влае. По булеварите велосипедските патеки ќе бидат од двете страни, додека од „Кеј 13 Ноември“ до булеварот „ВМРО“ патеката ќе биде од една страна и ќе биде двонасочна.
На отпочнувањето со градежни работи на патеката присуствуваа градоначалниците на Скопје и Аеродром Коце Трајановски и Ивица Коневски како и директорот на ЈП „Улици и патишта“, Синиша Ивановски
- Со овој проект ќе се добијат квалитетни велосипедски патеки, обележани со стандардизирана јасна и видлива хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација и ќе бидат изработени од асфалт. Спуштањата на раскрсниците ќе бидат изведени од рампи, додека по должината на патеките ќе бидат поставени заштитни столбчиња. Исто така, ќе се дислоцираат сите пречки на велосипедските патеки како што се билборди, канделабри, контејнери, сообраќајни знаци и слично, истакна Трајановски.
Реконструкцијата на оваа велосипедска патека е дел од капиталниот проект за подобрување на велосипедската инфраструктура во главниот град „Скопје Велоград 2014-2017“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Уапсени поранешни и сегашни функционери – истрагата за Кочани се проширува
-
Пуштен системот за заедничка гранична контрола на ГП Долно Блаце – Елез Хан
-
Ќе има ли јагнешко за Велигден и по која цена?
-
Tема на денот со Михајло Лахтов, експерт за медиуми
-
Загрижувачки пораст на респираторните заболувања - околу 1000 случаи годишно со рак на белите дробови
-
Кој краде на Клиниката за онкологија – Два инциденти за 6 дена
-
Судењето за убиството на Вања продолжи со испрашување на таткото
-
Коалицијата „Вреди“ ги пегла разликите