Започна лидерската средба помеѓу Ковачевски и Мицкоски
Во Клубот на пратеници започна лидерската средба меѓу премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Предвидено е тема на разговор на средбата да бидат одлуките што треба да се донесат во Собранието со цел продолжување на европската интеграција на државата, како и за пристапот на институциите и сите политички чинители во насока на градење и одржување на добрососедски односи.
По завршувањето на средбата планирани се изјави на кои ќе бидат соопштени детали околу разговорот помеѓу двајцата лидери.
Пред лидерската средба се одржа состанок на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, по кој партискиот потпретседател Тимчо Муцунски изјави дека став на партијата е оти уставни измени под диктат не смее да има.
Тој додаде и дека една од темите за коишто ќе се дискутираат двајцата лидери ќе биде и
прашањето за предвремени парламентарни избори.
Ново на Сител
-
Промоција на противпожарни возила во Криволак
-
Активни три пожари во реони на општините Прилеп, Македонски Брод и Чашка
-
Малолетниците во просек до пет часа дневно на интернет
-
Во поплавите во Тексас загинаа над 50 луѓе
-
На ГП „Богородица“ се чека од 30 до 40 минути
-
Маск формира нова политичка партија во САД
-
Во Рио де Жанеиро се одржува 17 Самит на БРИКС
-
ЦУК: Пожарот во Самоков е локализиран и веднаш изгаснат