-->
-->
Започна Конгресот на ЕПП, Мицкоски на Политичкото Собрание
-->
Со Политичкото Собрание на Европска Народна Партија попладнево стартуваше Конгресот на ЕНП во Хелсинки. Политичкото Собрание го води Жозеф Дол кој што воедно е и претседател на Европска Народна Партија.Денес делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ предводена од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, потпретседателот Александар Николоски, секретарот за меѓународна политика Влатко Ѓорчев и советникот за меѓународна политика на претседателот, Тимчо Муцунски учествува и на политичкото Собрание на Европска Народна Партија.
На Политичкото собрание учествува и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој вечерва и во текот на наредните денови ќе оствари низа билатерални средби со лидерите од сестринските партии.
Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ сестринските партии ќе ги информира за злоупотребата на институциите за политичкиот прогон преку кој се врши притисок врз сите кои мислат поинаку од криминалната власт, кои исто така Македонија се повеќе ја оддалечуваат од европските стандарди, информираат од партијата.
На самитот на ЕНП треба да биде избран кандидат за претседател на ЕК, а ВМРО-ДПМНЕ учествува со 4 делегати со право на глас.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тошковски: Жената треба да се чувствува најбезбедно во својот дом, со новиот закон се предвидуваат и електронски алки за насилниците
-

Сиљановска-Давкова на Самитот на ЕПЗ во Даблин: Европа не треба да си дозволи да остане недоволно поврзана со Западен Балкан
-

Трамп: На САД не им треба договор со Иран
-

Трамп се закани со двојно зголемување на царините ако Мексико не го запре мигрантите
-

Криминална организација во Солун шверцувала над 17 милиони цигари и незаконски се стекнала со 1,36 милиони евра
-

По аферата со кинеска шпионка, оставка на извршниот директор на „Енвидија“
-

Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир
-

Инвестирани над 40 милиони денари за Стоматолошкиот клинички центар „Св. Пантелејмон“
