-->
-->
Започна Конгресот на ЕПП, Мицкоски на Политичкото Собрание
-->
Со Политичкото Собрание на Европска Народна Партија попладнево стартуваше Конгресот на ЕНП во Хелсинки. Политичкото Собрание го води Жозеф Дол кој што воедно е и претседател на Европска Народна Партија.
Денес делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ предводена од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, потпретседателот Александар Николоски, секретарот за меѓународна политика Влатко Ѓорчев и советникот за меѓународна политика на претседателот, Тимчо Муцунски учествува и на политичкото Собрание на Европска Народна Партија.
На Политичкото собрание учествува и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој вечерва и во текот на наредните денови ќе оствари низа билатерални средби со лидерите од сестринските партии.
Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ сестринските партии ќе ги информира за злоупотребата на институциите за политичкиот прогон преку кој се врши притисок врз сите кои мислат поинаку од криминалната власт, кои исто така Македонија се повеќе ја оддалечуваат од европските стандарди, информираат од партијата.
На самитот на ЕНП треба да биде избран кандидат за претседател на ЕК, а ВМРО-ДПМНЕ учествува со 4 делегати со право на глас.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак