Започна изведбата на новиот тротоар на улицата „Скупи“
Екипите на Град Скопје денеска почнаа со изведба на нов тротоар на јужната страна на улицата „Скупи“, на потегот од бензинската пумпа на „Макоил“, па се до крстосницата со улицата 10, што води кон Бардовци. Новиот тротоар ќе биде долг 500 метри, широк два метра и покриен со асфалт на површина од вкупно 1.000 квадратни метри.
– За жал, на оваа локација никој не предвидел изградба на тротоар, а сите знаеме колку беше небезбедно движењето на пешаците. Нашата цел е на пешаците кои го користат овој потег да им обезбедиме непречено и безбедно движење. Сведоци сте дека Градот Скопје константно работи на ослободување и на создавање нови пешачки простори се со цел да имаме побезбедни пешачки површини за сите наши граѓани – рече портпаролот на Град Скопје, Ваљон Салиху, на почетокот на изградбата на новиот тротоар.
На изградба на новиот тротоар ќе работат екипите на ЈП „Улици и патишта“. Градежните работи се очекува да завршат за околу еден месец, во зависност од временските услови, соопштија од Град Скопје.
Ново на Сител
-
Битoлски хирург фатен како прима поткуп по направена операција на жолчка
-
Мицкоски најави ригорозни контроли во маркетите
-
Според СДСМ задолжени се следните три поколенија, премиерот очекува унгарскиот кредит да го раздвижи стопанството
-
За нова цена на парното Регулаторна ќе одлучува до крајот на неделава
-
Левица со предлог измени на закон
-
Девет амбасадори се враќаат дома – иницијатива за именување на 4 нови
-
На онкологија почна да стигнува дел од терапијата која беше дефицитарна
-
Ниту Институтот по филозофија при УКИМ не ја одобрува новата концепција за гимназиско образование