Започна Економската конференција во Будва

Денеска започна „Конференцијата за економија: Балканот и Европската Унија-Петогодишен циклус на Берлинскиот процес“, која се организира во хотел Сплендид во Будва, а кадешто учествува и Владина делегација предводена од Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев и министерот за економија м-р Крешник Бектеши.
Конференцијата ја отворија црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ и австрискиот канцелар Себастијан Курц, додека по официјалното отворање на конференцијата, Вицепремиерот Анѓушев ќе учествува на панелот „Економска и европска перспектива на Балканот“, каде ќе дебатира со други високи политички претставници од земјите во регионот.

Канцеларот Курц во својот говор за време на свеченото отворањето се осврна на различните аспекти кои влијаат на поголемата економска и безбедносна стабилност во регионот. Тој нагласи дека денес имаме регион кој храбро чекори напред со реформските процеси и станува кредибилен фактор за цела Европска Унија.
„И честитам на Македонија за историската одлука да продолжи со имплементација на Преспанскиот договор, со што прати сигнал на охрабрување не само за Македонија, туку и за целиот регион“, нагласи Курц на свеченото отворање.

Министерот за економија Бектеши, утре, ќе учествува на панел „Регионална соработка како сегмент на европските интеграции: економијата-генератор на севкупниот развој“, заедно со другите министри од регионот задолжени за економски прашања.
Во рамките на настанот, членовите на делегацијата ќе остварат и билатерални средби со политички и бизнис лидери од регионот.
Ново на Сител
-

Австрија, Чешка и Словачка: Билатералните спорови да не ја блокираат интеграцијата
-

СДСМ: Тошковски да си поднесе оставка
-

ВМРО-ДПНЕ: Зошто маршираше Филипче во Прилеп?
-

Дали Безбеден град ќе го промени однесувањето на возачите и пешаците
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Благоја Ралповски, претседател на КСС
-

Михаилова избега во Бугарија, каде и како ја минала границата?
-

Судот во Кочани не е известен за бегството на Михаилова
