Започна дводневната „Тиквешка винска регата”

Почна дводневната „Тиквешка винска регата” која по седми пат ја организира Здружението „Винотек” од Кавадарци. Педесетина љубители на ваков вид авантура, сместени во седум гумени чамци, пловат по реката Вардар. Стартот беше кај селото Уланци, Општина Градско.
– Еден Германец беше дел од регатите кои ги организираме пред четири години. Во меѓувреме се оженил за австралијанка и живее во Австралија. Сега дојде заедно со неа и тригодишниот син, кој е најмлад учесник во оваа возбудлива авантура. Најстариот, има седумдесетина години. Имаме гости од земјава и странство, рече Панче Арсовски, директор на регатата.
На паузата кај село Црвени Брегови, неготинско, за сите нив е предвидена забавна игра.
– Ќе бараат закопано богатство во редови од лозје. Богатството е, шишиња со вино. Тој што ќе ги најде меѓу виновите лози, ќе ужива во извонредниот вкус на божествената течност која се раѓа под тиквешкото сонце, нагласи Арсовски.
Јован Еленов, претседател на „Винотек”, појасни дека освен речниот, регатата ги промовира и винскиот, манастирскиот, езерскиот, археолошкиот и рекреативниот туризам. Учесниците ќе ги посетат и неготинскиот и Моклишкиот манастир кај кавадаречкото село Ваташа, а ќе имаат можност и да дегустираат врвни вина во неколку винарски визби од Тиквешко, како најголем лозаровинарски регион во државата.
„Винотек“ постои неколку години и настојува да ја подигне винската свест и да ги промовира грозјето и производите од грозје, како и да го развие винскиот туризам.
Учесници на регатата се и дел од вработените во Територијалната противпожарна единица од Кавадарци.
Ново на Сител
-

Ги погоди сите седум броеви и стана мултимилионер: Германец освои 120 милиони евра на Евроџекпот
-

Данска воведува построги правила во училиштата: Наставниците ќе можат физички да интервенираат против учениците
-

Трамп разговара со Русија и Кина за денуклеаризација
-

Гаши се сретна со претседателот на Претставничкиот дом на Холандија, Том Ван Кампен
-

Прометот во индустријата зголемен за 8,8 проценти во август
-

Најмалку 19 луѓе се повредени во судир на воз и автобус во Франција
-

Три деца и наставник убиени во пукање во основно училиште во Орегон
-

Американски тренер во гимнастика осуден на 90 години затвор за детска порнографија
