Започна 14-тиот Интернационален фолклорен фестивал „Св.Јоаким Осоговски“
Со свечено дефиле на учесниците, фолклорни ансамбли од Северен Кипар, Турција, Србија, Бугарија и Македонија, низ главната улица во Крива Паланка синоќа беше отворен годинашниот Меѓународен фолклорен фестивал „Св.Јоаким Осоговски“.
На првата од вкупно три фестивалски вечери, настапија девет ансамбли и друштва од Македонија, Северен Кипар, Србија и Турција.
Градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, на отворањето истакна дека фолклорот и традицијата, културното наследство на една држава се мостот помеѓу минатото и иднината.
- Фолклорот се нарекува срце и душа на еден народ, претставувајќи го она што е битие на нацијата. Овие три дена Крива Паланка ќе биде срцето на Балканот, затоа што претставниците на државите кои на оваа сцена ќе настапат како виртуозите на Бугарија, Србија, Турција, Кипар, нашите претставници од повеќе краеви на Македонија, пренесувајќи ги преку вештините и знаењета, низ игрите и танците, фолклорот и традицијата, на срцето и душата на своите држави, рече Мицевски.
Фестивалот продолжува со прием на делегациите на учесниците кај градоначалникот денеска во 11 часот, продолжува со дефиле кое ќе отпочне во 17 часот од населба Бавчалак, а фестивалската програма на градскиот плоштад е со почеток во 17 часот и 30 минути.
На втората фестивалска вечер настапуваат фолклорни друштва од Србија, Бугарија, Турција, Северен Кипар и македонски друштва од Битола и домаќините од Крива Паланка.
Ново на Сител
-
Путин ги осуди обидите за ревидирање на историјата на Втората светска војна
-
Карни на средбата со Трамп: Канада никогаш нема да биде на продажба
-
Концерт на Марија Николовска во Њујорк
-
Измените на Законот за локална самоуправа поминаа на Влада, законското решение ќе важи за новите градоначалници
-
Поднесено барање за поништување на првиот круг од претседателските избори во Романија
-
Во близина на грчкиот остров Гавдос спасени 158 мигранти
-
Апелација ја уважи жалбата на Асмир Јахоски, прифатена гаранцијата во пари и имот и определени мерки за претпазливост
-
Обвинение против 10 лица за злоупотреби во РЕК Битола, направиле имотна штета во износ од 178.370.319 денари