Запленети над 400 метри рибарски мрежи за крап на Дебарско Езеро
Дебарската полиција, по претходна дојава, во текот на ноќта запленила над 400 метри мрежи за лов на крап на Дебарско Езеро, кусо по нејзиното пуштање.
-Мрежите биле пуштени во близина на езерскиот брег во атарот на Центар Жупа. Ова навистина е за секаква осуда, зашто ваквите примери ќе ги избркаат и тие малку спортски риболовци кои ловат во тој дел на езерото. Несовесноста е уште поголема кога се знае дека во тек е забрана за риболов на крап и клен, поради мрестот на овој вид риба, која трае до 15 јуни, рече за МИА, Бени Халити, претседател на спортското риболовно друштво „Трофта“.
Тој ја поздравува акцијата на полицијата, со која, вели имаат одлична соработка, во насока на заштита на рибниот фонд на езерото, кое за жал веќе неколку годни е без концесионер.
-Апелирам до сите граѓани и реакреативни риболовци на поголема совесност и во случај да забележан незаконски активности во водите на езерото веднаш да се јават во друштвото или во полиција. Само така ќе можеме д го заштитиме ова нашето бегатство, посочува Халити.
Акцијата за МИА ја потврдија и од Одделението за внатрешни работи во Дебар, од каде додаваат дека мрежите се откриени кај местото каде има изградено неколку летниковци, дека не се затекнати лица и оти се работи на расветлување на случајот.
Ново на Сител
-
Мерки на претпазливост за пијаниот возач кој завчера удрил девојка на пешачки – Во февруари казнети 23.844 возачи
-
Што ќе содржи обвинителната одлука за скандалот на Онкологија?
-
Апелација му скрати четири години од казната на Боки 13 за „Рекет“
-
СДСМ предлага закон за зголемување на платите
-
Левица: Плата да се исплаќа до 5ти во месецот
-
Научна конференција: Новите предизвици во високото образование и синдикалното движење
-
Дневен центар за пензионери во Охрид
-
Прилепските извидници прославија 10 години