-->
-->
Запленети девет килограми марихуана
-->
Мобилните царински тимови во соработка со Министерството за внатрешни работи (МВР) спречија обид за криумчарење околу девет килограми марихуана.
Како што соопшти Царинската управа, доцна синоќа, еден час по полноќ, на граничниот премин Богородица, за излез од државата се пријавил македонски државјанин - возач на патнички автомобил марка HUNDAI Santa-FE со македонски регистарски таблички. Согласно претходна најава од МВР, извршена е детална контрола на возилото со помош на царинско куче, при што во праговите од двете страни на возилото се откриени специјално изработени бункери во кои се пронајдени 10 пакувања обвиткани со самолеплива лента и стреч фолија. Во пакувањата е пронајдена непозната зелена тревкаста материја за која по извршеното вештачење е утврдено дека е марихуана со вкупна маса од 8,239 килограми.
Целокупниот предмет и лицето се предадени на МВР по што ќе биде поднесена кривична пријава поради основано сомневање за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Од утре автобусите се враќаат на скопските улици – Вонредна седница на Град Скопје
-
Герасимовски: Град Скопје кочи капитални проекти на Општина Центар
-
Тема на денот со Стефан Кирков, ВМРО-ДПМНЕ
-
Вонредна седница на Владата: ЈСП ќе добие нафта од државните резерви
-
Итна седница во советот на Град Скопје
-
Македонскиот јазик е на удар на соседите и со тоа е загрозен пристапниот процес во ЕУ
-
Растат платите, но и трошоците - За една година животот поскап за 13.000 денари