Запленет имот на Виктор Понта во вредност од 220.000 евра

Обвинители од Националната дирекција за борба со корупцијата во Романија наредија запленување на дел од имотот на поранешниот премиер Виктор Понта во вредност од 220.000 евра.
Наредбата е издадена откако Понта е обвинет дека добил 220.000 евра од бизнисмен, кој бил ставен на листата на социјалдемократите на парламентарните избори во 2012 година.
Понта добил 220.000 евра од бизнисменот Себастијан Гица, кој откако беше ставен на листата на Социјалдемократската партија, доби место во Претставничкиот дом како кандидат од округот Прахова.
Според антикорупциските обвинители, Понта ги искористил парите за да организира посета на Романија на странски популарен политичар со цел подигнување на рејтингот пред избори. Понта ја организирал посетата на поранешниот британски премиер Тони Блер преку невладина организација. Било претставено дека средбата Понта - Блер била на барање на поранешниот британски премиер.
Гица е сопственик на телевизијата ТеВеРе и близок пријател на Понта. Гица исто така е обвинет за низа дела, меѓу кои давање на поткуп, уцена, купување на влијание и друго.
Ново на Сител
-

ОН: Лани низ целиот свет биле убиени 350 хуманитарни работници
-
Ангелов: Пожаpот се прошири и зафати делови од прилепското село Чаниште, нема жртви и повредени
-

Пентагон потпиша договор вреден речиси 23 милијарди долари за забрзано производство на Томахавк
-

Вардар со победа ја стартуваше Регионалната лига
-

Седум нови осомничени за транспорт на марихуана од Македонија во Србија
-

Авион на воздухопловните сили на Франција принудно слета на автопат и се запали
-

Ѓоковиќ мора да го провери дишењето пред УС опен
-

Анкета на Фајненшал тајмс: Мнозинство американски гласачи велат дека им е полошо откако Трамп е претседател
