Свет
6. January 2016 - 10:48

Запечатена канцеларијата на Меркел поради сомнителен пакет

Канцеларијата на германската канцеларка Ангела Меркел е запечатена поради сомнителен пакет, изјави денеска портпаролот на Германската федерална полиција. 

- Истражуваме сомнителен пакет, истакна тој.

Во запечатената зона се наоѓале четири жолти поштенски пакети, јави Танјуг.