Македонија
1. March 2016 - 15:04

Запален автомобил во Тетово

Во еден часот и 50 минути во полициската станица Тетово, 41-годишниот Е.Л. пријавил дека непознат сторител му го запалил автомобилот Ауди А6 со тетовска регистрација, кое било паркирано пред влезната врата од неговата куќа.

Изгорела внатрешноста на возилото, а до него било пронајдена црна пластична канта, со која најверојатно бил запален автомобилот.

Полицијата работи на случајот.