Западот прави стратешка грешка во Сирија
Извештајот под назив „65.000 џихадисти во Сирија подготвени се да ги заменат борците на ИД ако падне калифатот“, меѓу останатото наведува и дека Западот прави стратешка грешка со тоа што сите свои сили ги насочува против Исламска држава, додека останатите милитантни групи ги занемарува, пренесува Раша тудеј.
Дури 65 отсто од борците во Сирија можат да се класифицираат како исламисти кои имаат слични цели како и ИД. Тие борци се припадници барем на 15 различни милитантни групи кои не се поврзани со ИД, а кои Западот во поголем дел ги игнорира.
Наводно, дури помалку од една четвртина милитантни групи се присутни на сириско тло пред настанокот на ИД. Сепак, се покажало дека припадниците на тие групи сеедно се согласиле да се борат за ИД и да го прифатат нивното водство.
- Фокусирајќи се само на борбата против ИД, Западот ризикува стратешки неуспех. Дури и ако победат во војна која ја водат во Сирија, џихадизмот нема на тој начин да се укине. Идеологијата не може да се бомбардира, наведува извештајот, што го пренесува „Гардијан“.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје
-
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи