Заостанатите сметки за вода ќе се плаќаат без камата
Сите корисници на услугите на ЈП „Водовод и канализација“-Скопје кои имаат заостанат долг за вода, тужен и редовен, од денеска ќе можат да го исплатат без пресметана камата за задоцнето плаќање.
Одлуката за ослободување од камата на сите корисници вчера ја донесе Управниот одбор на претпријатието.
- Можноста да се плати долгот без камата е со определено времетраење, во рок од 90 дена. Почнува од денеска и зависи од висината на долгот, главен долг и трошоци. Физички лица може да го исплатат долгот на 4, 6, 8, 10 или 12 рати, во зависност од висината на долгот, изјави денеска директорот на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје Александар Атанасов.
Граѓаните ако должат од 10 до 30 илјади денари ќе можат да го платат долгот без камата на максимум четири рати, а доколку должат од 50 до 70 илјади денари можат да платат без камата на максимум осум рати.
Тој појасни дека плаќањето заостанат долг без камата важи и за правните лица. Ова не важи само за државните институции и единиците на локалната самоуправа.
- Приватните и стопански субјекти можат да го исплатат долгот на 2,3,4,5 и 6 рати без камата од претходни години и зависно од долгот од 50, 100, 150 или 200 илјади денари, рече Атанасов.
Управниот одбор на претпријатието донел одлука со која физичките лица од социјално ранливите категории, приматели на постојана парична помош, приматели на социјална помош и самохрани родители кои имаат заостанат долг, да можат да го отплатат на двојно повеќе рати од предвиденото.
Одговарајќи на новинарско прашање, Атанасов рече дека интензивно се работи на новата управна зграда на претпријатието.
- Планираме до крајот на овој месец да завршат сите активности и на почетокот на март официјално да се вселиме во новата управна зграда, рече Атанасов.
Ново на Сител
-
Путин: Во Русија лани за тероризам биле осудени 1.075 лица
-
Првите луѓе на ЕУ ќе го посетат Киев на третата годишнина од руската инвазија
-
Откриено картелско работење
-
Жерновски отповикан од амбасадор во Романија - дознал преку „Службен весник“
-
Законот за високо образование ќе претрпи големи промени, најави министерката за образование Јаневска
-
МЖСПП: Милион евра грант од Шпанија за Охридското Езеро
-
Платформата на “СКОПСКО” продолжува со својата мисија за заштита на нашите природни богатства
-
Помалку превезени патници во патниот превоз во последниот квартал од 2024 година