За да го блокира погледот на брат си кон морето, ја изградил најтенката зграда на светот
За да го блокира погледот на својот брат кон морето, еден Либанец ја изградил „најтесната зграда“ на Блискиот Исток, а многумина веруваат - и во целиот свет. „Ал баса“ (во превод: „Инает“) е името на ова здание во Бејрут, главниот град на Либан.
Широка само 60 сантиметри во најтесниот дел, а околу четири метри во најширокиот, градбата се наоѓа близу стариот светилник во Манара.
Терасите на овој ѕид наводно понекогаш биле користени како „јавна куќа“ или како засолништа за бегалци.
Како што раскажува преданието, зградата е подигната „за инает“ во 1954 година. Имено, двајца браќа се скарале за земјата што ја наследиле од нивниот татко - едниот брат добил минијатурно парче земја со чудни димензии на коешто не можело да се изгради практично ништо, а на другиот дел била раскошна зграда со поглед на Средоземното Море.
Така настанала оваа зграда висока 14 метри, што потоа сепак ја намалила вредноста на земјиштето на вториот брат.
Ново на Сител
-
Филипче: Минимална плата 27.700 денари
-
Ибраимовски: Фрлена бомба врз штабот на ПЦЕР во Тетово
-
Не евидентирани лица од други општини сакаат да добијат бесплатен кров над глава во Штип
-
Расте бројот на ученици во стручното образование
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со д-р Никола Пановски
-
ИЈЗ: Четворица вработени на ЗОО под надзор, еден ќе се тестира за птичји грип
-
Партиски реакции: Одговорност за Арсовска за птичјиот грип во зоолошка