Турските серии достигнаа 750 милиони гледачи во над 150 земји
Турските телевизиски серии стигнаа до вкупно 750 милиони гледачи во повеќе од 150 земји, нагласи заменик-министерот за култура и туризам на Турцфија, Батухан Мумџу на ТВ-фестивалот „Мипком“ во Кан, Франција.
Како што објави весникот „Хуриет дејли њуз“ на англиски јазик, Турција е водечки извозник на ТВ-серии меѓу земјите од неанглиско говорно подрачје и е на третото место во светот по Соединетите Американски Држави и Велика Британија. Турските ТВ-серии доживеаја завиден успех и на неодамнешниот собир во Кан, на којшто присуствуваа над 10.000 посетители и претставници од 108 земји.
Секоја година во Турција се произведуваат околу 50 ТВ-серии.
– Со содржините произведени во Турција, достигнуваме 750 милиони гледачи во 152 земји. Сите фактори во индустријата добро ја знаат повеќеслојната важност на продажбата на ТВ-серии – и во однос на извозот и како моќна алатка на културната дипломатија, изјави Мумџу.
Шефот на турската медиумска група „Демирорен“ – Мурат Јанчу истакна дека водечката улога на Турција во извозот на ТВ-серии на светската сцена е доказ за успехот и напредокот во оваа индустрија. Во зависност од земјата, цената на една епизода достигнува меѓу 300 и 700 илјади долари.
Ново на Сител
-

Макрон: Франција нема да учествува во воени операции во Ормуската теснина
-

„Кир не е Винстон Черчил“: Трамп разочаран од британската воена поддршка против Иран
-

Зеленски ја прифати помошта од ЕУ за нафтоводот „Дружба“
-

Шојгу предупредува: Поради украинските дронови, ниеден дел од Русија веќе не е безбеден
-

Утре не очекува променливо облачно и посвежо време
-

Вчера четири лица лишени од слобода за семејно насилство во Скопје, Тетово, Кичево и Куманово
-

Сиљановска-Давкова на средба со претставници на Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија
-

Кривична пријава против три физички и едно правно лице од велешко за сторени повеќе кривични дела во врска со кражба на дрва
