Живот
3. October 2023 - 13:46

Милијардерот Џеј-Зи одбил да му даде 4.800 долари на свој братучед

Американскиот рапер Џеј-Зи предизвика поделени мислења на интернет-просторот откако рече дека не му дал пари на роднина кој му пришол за помош.

Раперот, инаку, има богатство од 2,5 милијарди долари, разговарал со Кевин Харт во неговата емисија „Харт то харт“ (Hart to Heart) за неговите проблеми со роднините кои му бараат пари кога ќе го посети семејството за празниците. Џеј-Зи притоа раскажува дека сакал да биде дома – во своето засолниште, со блиските, но незгодно му е кога на тие семејни собири роднините му приоѓаат и го молат да им помогне со парични средства.

Во една таква прилика, братучед му побарал од музичарот 4.800 долари, тврдејќи дека може да ги претвори во два милиони. Џеј-Зи, вели, како рекол „не“, па роднината му замерил.

На интернет ледеше лавина критики поради „штедливоста“, т.е. скржавоста на раперот.

„Џеј-Зи има 2,5 милијарди долари, неговиот братучед побарал 4.800 долари, а тој вели – ‘не’. Тоа е како мене некој да ми побара цент“, „Другите рапери земаат милиони за нивното семејство да може да живее среќно, тој заработи милиони и сè уште се кара со братучед му за пари“ – гласат дел од коментарите.

Но, има и такви кои го поддржаа раперот-милијардер.

„Проблемот е во тоа што првиот пат кога ќе кажете ‘да’, тие секогаш мислат дека можат да се вратат барајќи повеќе. А, тоа ги охрабрува и другите луѓе околу нив да прашаат“, вели еден следач.