-->
-->
Заменик-министерот Максути во посета на Австрија
-->

Заменик-министерот за одбрана Беким Максути, на покана на директорот за одбранбена политика во Министерството за одбрана на Австрија, генерал - мајор Јохан Френк, утре ќе престојува во работна посета на Австрија.
Како што соопшти Министерството за одбрана, на средбата ќе стане збор за политичката ситуација во Западен Балкан со акцент на надворешните влијанија и миграцијата, членството на Македонија во НАТО, интеграцијата во ЕУ и можностите за австриска поддршка како актуелен претседавач на Унијата.
За време на посетата, заменик-министерот за одбрана Беким Максути ќе оствари средба и со генералниот секретар во австриското Министерство за одбрана, Волфганг Бауман.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Стратешки дијалог со САД
-

Тема на денот со Синиша Наумоски, универзитетски професор
-

Роботска хирургија во клиничката болница „Аџибадем Систина“
-

Стратешки дијалог со САД
-

Мартовската инфлација е 4,9%, Мицкоски најавува таргетирани мерки
-

ССМ на протест за поголеми плати
-

Уапсени 8 дилери на кокаин
-

ОТА: Во 2025 прислушувани 259 комуникации, најголем број по барање на МВР
