Заменик министерот Андовски во посета на здравствените установи во Охрид

Заменик-министерот за здравство, Јовица Андовски, денеска имаше работна средба со менаџерските тимови на Општата болница, Здравствениот дом и Итната медицинска помош во Охрид, при што беше констатирано дека здравствените работници од овој регион успешно и навремено ги обезбедуваат потребните здравствени услуги за граѓаните во летниот период и се справуваат со последиците од топлотниот бран што деновиве ја зафати нашата држава.
-Здравствените установи во Охрид и во услови на високи летни температури обезбедуваат брза и квалитетна здравствена заштита за граѓаните од овој регион, и зголемениот број домашни и странски туристи кои престојуваат во овој град. Итната медицинска помош функционира со 13 тимови на територијата на Охрид и околните населени места. За потребите на Итната медицинска помош се доделени и три нови возила опремени со: ЕКГ апарат, дефибрилатор, респиратор и друга медицинска опрема, беше истакнато на денешната средба на заменик-министерот Андовски.
Тој ја нагласи добрата организациска поставеност на Општата болница, Здравствениот дом и службата за Итна медицинска помош во Охрид. На ова подрачје, здравствена услуга обезбедуваат и 35 матични лекари и генерално, станува збор за добра покриеност како на итната медицинска помош, така и на примарната здравствена заштита.
На средбата беше потенцирано дека за жителите на Охрид и околниот регион се обезбедуваат здравствени услуги во современ објект, опремен со најмодерна медицинска опрема, за која се вложени 1.5 милион евра. Новиот објект на охридската болница придонесе кон унапредување на квалитетот на здравствени услуги, а воедно се намали упатувањето на дел од пациентите кон клиниките. Инаку, во изминатиот период е извршена комплетна реконструкција и адаптација на болницата во вкупна вредност над 300 милиони денари, која ги опфати
хируршкото и гинеколошкото одделение.
Набавена е и нова медицинска опрема, како што се: нов апарат за компјутерска томографија, најсовремени ЕХО апарати, апарати за анестезија, гастро кабинети, биохемиски анализатор со капацитет од 100-200 анализи/час, класичен РТГ апарат, инкубатори за недоносени новороденчиња со пациент монитор, и друга опрема.
Заменик министерот Јовица Андовски, при посетата, информираше дека е во тек набавката на 6 нови мамографски системи, при што еден мамограф ќе биде поставен во општата болница во Охрид.
На средбата беа потенцирани и позитивните ефекти од проектот Рурален доктор, кој опфаќа 34 насени места од овој регион и преку овој проект на жителите во селата им се обезбедуваат основните лекарски прегледи, мерење шеќер и холестерол, а исто така им се препишуваат рецепти и им се издаваат упати. Со проектот Рурален доктор се опфатени следните населени места: Климештани, Мешеишта, Горенци, Волино, Требеништа, Лактиње, Годивје, Врбјани, Арбиново, Оздолени, Сошани, Оровник, Слатино Слатински Чифлик, Издеглавје, Издеглавје, Горно Лакочереј, Долно Лакочереј, Велестово, Подмоље, Сирула, Вапила, Орман, Ливо Љубаништа, Трпејца, Елшани, Коњско, Завој, Свињишта, Куратица, Опеница. На територијата на Охрид функционираат и две аптекарски станици, во с.Лескоец и с.Пештани.
Ново на Сител
-

Џордан Питерсон: Интелигенција е „како размислуваш“, а не „што мислиш“
-

Мицкоски: Остануваме на стратегијата за дата центри, светот ова ќе го развива, прашање е ние дали ќе го препознаеме моментот
-

Казни до 10.000 евра за трговците кои не се придржуваат на одлуката за намалување на цените на училишниот прибор
-

Почина Ратко Младиќ
-

Продолжува негативниот прираст - 1 005 помалку родени од умрени во второто тримесечје
-

Мицкоски: Донесовме одлука за намалување на цените на училишниот прибор за да го олесниме товарот врз семејниот буџет
-

Жена пронајдена почината во стан во Скопје
-

16-годишно девојче нападнато од нејзиниот 28-годишен партнер
