-->
-->
Заменик-градоначалникот на Париз Кристоф Најдовски ја посети Битола
-->

Градоначалничката на Битола Наташа Петровска денеска приреди прием и оствари работна средба со заменик-градоначалникот на Париз, Кристоф Најдовски.
Најдовски по потекло е битолчанец, а како заменик-градоначалник е задолжен за мобилност и превоз во Париз, информираат од секторот за односи со јавност на Општина Битола.
Во соопштение за јавноста оттаму наведуваат дека тема на разговор меѓу Најдовски и Петровска бил организираниот јавен превоз.
За време на престојот во Битола, Кристоф Најдовски се интересирал за развојот на националниот парк Пелистер, за еко-туризмот и велосипедизмот.
Соговорниците договориле интезивирање на соработката, информираат од Општина Битола.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Израел повикува на прекинување на сите врски со Иран
-

Руте пречекан со транспарент „НАТО убива“ од пратениците на Левица
-

Стружани денеска од цистерна полнат чиста вода, матноста на водата од градскиот водовод втор ден во граници на нормала
-

Поранешната директорка на Онкологија Клисаровска сведочеше за недостигот од конзилиум и колективни одлуки за терапии во „Онкологија 2“
-

Руте: НАТО не е вклучен во последните случувања на Блискиот Исток, но ќе го одбрани секој дел од својата територија
-

„Безбеден град“ - превентивен механизам за намалување на сообраќајните прекршоци, смета стручната јавност
-

Доминација на КБК Шампион Скопје - сила во сите генерации
-

Трамп: Предоцна е за преговори со Иран
