Заматена водата за пиење во Кавадарци од регионалниот водовод Лукар
Поради обилните врнежи од дожд, водата за пиење во Кавадарци која доаѓа од регионалниот водовод Лукар е заматена. Од Центарот за јавно здравје Кавадарци апелираат водата задолжително да се преврива пред пиење.
- При последното редовно мерење, констатиравме отсуство на резидуален хлор. Во координација со Јавното претпријатие „Комуналец” се започна со максимално хлорирање на водата се до норамализирање на состојбата, нагласи раководителот на Центарот за јавно здравје Кавадарци Трајче Ризов.
Притоа додаде дека и натаму редовно ќе се следи исправноста на водата и ќе бидат земени нови мостри.
- Се до моментот додека се нормализира резидуалниот хлор во водата на сила ќе биде препораката за задолжително провривање на водата, препорака која покрај за кавадарчани важи и за жителите на Неготино и Росоман кои исто така се снабдуваат со вода од регионалниот водовод, соопшти Ризов.
Лукар е педесетина километри оддалечен од Кавадарци и се наоѓа во подножјето на планината Кожуф.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Чомовски, новинар
-
На лекување во странство остануваат 48 повредени во пожарот во дискотеката во кочани
-
Протест во Кочани
-
Конструктивен состанок на лидерите на Вреди, блиску до заеднички настап на локалните
-
ССМ: Ни во синдикалната кошница нема алкохол и цигари, има само одмор во бунгалов во Дојран
-
Затворени четири угостителски објекти во Југоистокот поради недоследности во заштитата од пожари
-
Се зголемува интересот за тутунот кај нас, Македонија втора во светот по Турција за производство на ароматичен тутун
-
Детектирање на проблемот со булингот