Македонија
26. September 2023 - 16:39

Законот за амнестија оди во Собрание - власта демантира дека преговарала со Груевски, опозицијата нуди докази

Премиерот не сака да ја коментира јавната кавга меѓу Мицкоски и Груевски а информациите дека неговата партија соработувала со екс премиерот ги нарече малверзации. Сепак, без да открие многу детали потврди дека за два дена, новиот закон за амнестија ќе се најде во Собранието.

Опозицијата е против. ВМРО-ДПМНЕ веќе најави дека ќе го блокира овој закон, а поддршка нема да дадат ниту од албанската опозиција.

И во ВМРО-ДПМНЕ го делат ставот дека и ова законско решение произлегува од договорот на Груевски со СДСМ и ДУИ за кој што тврдат дека веќе објавиле докази.

Според информациите кои ги објави опозицијата, Груевски испратил 3 писма во кои имало УСБ со измените на Кривичниот законик. Едното го добил Ахмети, второто Џафери, а третото завршило во ВМРО-ДПМНЕ иако било наменето за еден поранешен министер од редовите на ДУИ.

Џафери денеска демантира. Вели, со Груевски немал никаква комуникација.

Кавгата на релација Мицкоски – Груевски ескалираше со измените на кривичниот законик кои Собранието ги донесе за рекордни 24 часа. Мицкоски го обвини екс премиерот дека се договорил со СДСМ и ДУИ да добие амнестија а во замена за тоа да лобира за уставни измени и да предизвика потрес во ВМРО-ДПМНЕ кој би го намалил бројот на гласови кои партијата ќе ги добие на следните избори.

Груевски во неколку наврати демантраше.