Македонија
2. February 2020 - 17:07
Закон за ЈО - СДСМ оптимисти дека ќе се донесе, ВМРО-ДПМНЕ останува на старите позиции
Опозицијата не отстапува од своите позиции, власта се надева дека ќе успее да обезбеди 80 гласа за новиот закон за јавното обвинителство. Во пресрет на утрешната нова рунда преговори на работните групи во власта велат дека се оптимисти.
И министерката за правда Десковска денеска преку социјални мрежи и порача на опозицијата да достави амандамни на предлог законот.
Но во ВМРО-ДПМНЕ велат дека нема да отстапат од своите позиции иако велат дека треба да се почека епилогот од утрешната средба на работните групи
За усвојување на новиот закон за јавното обвинителство на власта и треба двотретинско мнозинство од 80 пратеници..
-
Алексадар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->