Заклучно со 30 ноември годинава во државниот буџет од даноци и придонеси собрани 3,97 милијарди евра

Заклучно со 30 ноември годинава во државниот буџет по основ на даноци и придонеси се собрани 3,97 милијарди евра што е повеќе за 268 милиони евра во однос на истиот период лани, рече денеска директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Елена Петрова.
Како што информира Петрова, има пораст на приходите од даноци за 6,5 отсто и пораст кај придонесите за 8,7 проценти во однос на истиот период минатата година.
-Трендови на пораст во однос на лани има и во декември, но уште течат приливите и исплатите од уплатните сметки за даноци. Денеска ги сумираме податоците од вчерашниот ден, даночниот ден за ДДВ и по истекот на месецот ќе ги имаме конечните податоци за цела година, истакна директорката на прес-изјава во Владата.
Во врска со проектот е-фактурирање, напомена дека од 1 јануари ќе почне пилот-имплементацијата.
-Се наоѓаме пред клучен исчекор. Во првата фаза ќе го објавиме комуникацискиот механизам преку кој ќе се врши автоматската размена на податоци меѓу компаниите, меѓу нивните софтверски системи за фактурирање и меѓу државната централизирана платформа за е-фактурирање. По новогодишните празници ќе биде објавена техничката документација врз основа на што фирмите ќе можат да почнат со прилагодување на своите софтверски решенија и техничката интеграција, како и со тестирање на изготвување е-фактура во контролирана тест околина, објасни Петрова.
До крајот на првиот квартал ќе биде објавена клиентската апликација - бесплатни решенија за помалите компании, до крајот на вториот квартал ќе биде поставена продукциската околина, а до крајот третиот квартал од 2026 година се планира да заврши тестирањето.
МИА
Ново на Сител
-

Евакуација на македонските граѓани
-

Водата во Струга и натаму не е безбедна за пиење
-

Земјоделците: Државата ни должи над 100 милиони евра субвенции
-

Опозицијата не дојде на расправа за реформски закон
-

Тема на денот со Вивиен Ајсен, амбасадорка на Израел во Македонија
-

Одбиено барањето за спојување на судските постапки за трагедијата во „Пулс“
-

Државата мора да издвои повеќе пари ако сака да се справи со семејното насилство
-

Продолжен притворот за 48 часа за сопругот на Ивана, по трагедијата во Карпош
