Заклетва на новата група волонтери на Мировен корпус
Новата група американски волонтери кои пристигнаа во Македонија во септември годинава, денеска ќе дадат свечена заклетва пред амбасадорот на САД Џес Л. Бејли.
Оваа група од 41 волонтер, е дваесетта група волонтери што ќе служи во Македонија. Тие се приклучуваат на повеќе од 500 волонтери кои биле во Македонија од 1996 година до денес. Волонтерите на Мировниот корпус во моментов служат во 64 земји, а нивниот број е над 6.800.
Волонтерите ја даваат заклетвата по успешното завршување на интензивната, единаесетнеделна обука која вклучува изучување на македонскиот и на албанскиот јазик, културата и традицијата во Македонија, како и стручна подготовка за натамошната работа во земјава. По давањето свечена заклетва, волонтерите на Мировен корпус почнуваат со нивната двегодишна работа во заедници низ Македонија.
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Како да се заштити Скопје од криминалните банди?
-
Тема на денот со Панче Тошковски, Министер за внатрешни работи
-
Компаниите и владата мора заедно да работат за дигитална трансформација
-
Четири јавни дебати за реформи на Судскиот совет
-
Нов обид за убиство на Раде Штекли – бомба одекна во Ќерамидница
-
Убиство од небрежност
-
Почна собраниската дебата за буџетот за 2025
-
Директорите незаконски си ги зголемиле платите додека Пошта тоне во длабока финаниска криза