Закажување на телефон за лични документи е невозможна мисија, електронски за пасош прв слободен датум во декември
Личните документи со „Северна“ го блокираа издавањето на лични документи во Одделението за управни работи. Доколку денеска преку системот „е-услуги“ се обидете да закажате термин за фотографирање, првиот слободен е на 8 ноември. За пасош, пак, ќе почекате до 4 декември.
Се обидовме и неколку пати да закажеме телефонски, но бидејќи МВР работи само со 12 линии воопшто не успеавме да добиеме оператор кај кого ќе можеме да закажеме термин.
Отидовме во МВР за да провериме каква е ситуацијата таму. И во кабините за фотографирање и на шалтерите имаше големи колони и нервозни граѓани.
Велат, внатре нема ред, а се чека и со месеци за да се заврши цела процедура за промена на личните документи.
Сите граѓани кои имаат стари документи со „Република Македонија“ ќе мора да ги променат до февруари за да добијат со „Северна“. Во март годинава МВР го поскапи вадењето на лични документи.
Личната карта поскапи за 120 денари и сега чини 310 денари. Слично поскапување има и кај возачките кои сега чинат 410 наместо 280 денари. Пасошите за лица до 27 денари чинат исто, но постарите ќе треба да платат 500 денари плус, односно 2.000 денари.
Покаспување има и кај итната постапка. Па така, пасош по итна постапка се вади за 6.100 денари, а возачка за 1.230 денари.
-
Даниел Василев
Сите содржини од овој новинар