Закажан па откажан состанок на Комисијата за именувања во гостиварскиот совет
Претседателот на Комисијата за верификација, мандатни прашања, избори и именувања во Советот на општина Гостивар Ујкан Идризи ќе бара одговорност од надлежните служби заради тоа што без негово знаење е свикан состанок на комисијата што ја раководи.
Од е-пошта на локалната самоуправа вчера попладне до членовите на Советот и новинарите беше испратена покана и материјали за состанок на повеќе комисии како подготовка за наредната седница на советот на општината. Меѓу нив имаше и покана со дневен ред за 10 септември на Комисијата за верификација, мандатни прашања, избори и именувања со точки за разрешување и именување на членови на управни и надозорни одбори на повеќе иснтитуции.
Претседателот на Комисијата за верификација, мандатни прашања, избори и именувања Ујкан Идризи со писмено соопштение демантираше дека свикал состанок.
– Како претседател на комисијата не сум свикал, ниту сум овластил некого да свикува состанок на комисијата. Воедно сакам да ве известам дека од информативниот центар барав објаснување кој си зел за право противзаконски да свикува состанок во мое име и притоа не се консултирал со мене. Јас ќе ги искористам сите законски средства за понесување на одговорност на лицето кое го злоупотребило моето име, наведува Издризи.
Тој и во телефонски разговор за МИА уште еднаш ги потврди наводите во соопштението, потенцирајќи дека состaнокот на Комисијата за верификација, мандатни прашања, избори и именувања закажан за 10 месецов во 12 часот нема да се одржи.
Од локалната самоуправа потврдија дека надлежните служби ги испратиле материјалите и оти на тоа имаат право, а дали ќе одржи или одложи, тоа како што наведе секретарот на општина Гостивар Назми Јусуфи е техничка работа и е одлука на претседателите на комисиите.
Советот на општина Гостивар има мнозинство составено од партии кои не ја подржуваат политичката опција на актуелниот градоначалник и во повеќе наврати ги одбиваше неговите предлози. Заради политичките несоглaсувања, општина Гостивар за малку избегна блокирање поради неносење на буџетот, а беа одбиени и некои проекти кои општинската власт планираше да ги финансира.
Претседателот на советот Насир Муслиу потврди дека е информиран за закажаната седница и за состаноците на комисиите. Тој рече дека не е сигурен за датумот за одржување и оти тоа треба да се утврди деновиве. Според Муслиу, некои од советниците се на одмор и како можен датум на наредната седница го предложил 16 септември, но за тоа и за точките на дневниот ред како што нагласи ќе треба дополнително да се договори со општинската власт.
Според претходни најави деновиве може да дојде до измена на мнозинството во советот, па така опозициската советничка група околу Алијансата за Албанците на која и припаѓа градоначалникот Арбен Таравари да придобие уште некој советник и да стигне до 17 поддржувачи. Оваа можност за промена на силите во гостиварскиот совет никој не ја потврдува, а исходот се очекува на наредната седница на советот закажана за 12 септември.
Ново на Сител
-

Трамп: Секој што го користи терминот вештачка интелигенција е „непријател“
-

Алармантни бројки од Онкологија: Лани откриени 1.000 нови случаи на рак на дојка, 7.000 заболени се на активен третман
-

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европска интеграција, Коридорот 8 овозможува тој принцип да се оствари
-

Жена нападната и расечена со остар предмет од партнерот во Скопје
-

Кривична за угостител од Дебар, послужил алкохол на малолетник кој подоцна физички нападнал свој врсник
-

Повторно искршено детско игралиште во Кисела Вода: „Неколку пати се поправаше, сè е за ништо“
-

Кај 43-годишник од скопско пронајдени пушка, пиштол, муниција и шприцови со масло од канабис
-

Од утре дожд и невреме, од вторник пристигнува и заладување

