Зајберт: Одржувањето нов референдум за незавиност на Шкотска зависи од Лондон
Дали ќе има втор референдум за независност на Шкотска од Велика Британија, зависи од Лондон, коментираше денеска портпаролот на германската Влада, Штефан Зајберт.
- Во врска со Шкотска, по референдумот за излез на земјата од Европската унија, тоа е внатрешно прашање на Велика Британија, изјави Зајберт, кој смета дека Германија не треба да ги коментира внатрешните прашања на Велика Британија.
Како што јави дописникот на МИА од Берлин, ваквата изјава Зајберт ја даде на прес-конференција во германската Влада на прашање во врска со најавата на првиот министер на Шкотска Никола Сарџен дека нејзиниот Кабинет подготвува легислатива која ќе дозволи втор референдум за независност на Шкотска, откако речиис две третини од Шкотламѓаните во четвртокот се изјаснија против заминување на Велика Британија од ЕУ.
Ново на Сител
-
Нејмар: Светското првенство во 2026 година ќе биде мое последно
-
Наскоро ќе потпишам нов договор со Барселона, потврди Јамал
-
Баерн прави последен обид да го задржи Алфонсо Дејвис
-
Поскапуваат Дизелот и Бензинот
-
Двајца загинати, повеќемина повредени во пожарите во Лос Анџелес, прогласена вонредна состојба
-
34-годишна жена нападната и ограбена кај Бит Пазар
-
Маск му одговори на Трудо со „девојко“
-
Почина кучето Феликс кое беше претепано крвнички во Момин Поток