Зајберт: Германската Влада смета дека е многу веројатно Навални да е отруен

Германската Влада смета дека лидерот на руската опозиција Алексеј Навални, кој е во кома во болницата „Чарите“ во Берлин, „многу веројатно е жртва на труење“, изјави денеска владиниот портпарол Штефан Зајберт.
-Ова е пациент кој многу веројатно бил жртва на напад со отров. Сомнежот не е поврзан со фактот дека Навални самиот се отрул, туку дека некој го труел, а германската Влада ова сомнение го сфаќа многу сериозно, рече Зајберт, објаснувајќи ги причините за поставувањето полициско обезбедување во болницата во која Навални се лекува.
Портпаролот, исто така, кажа дека немаше официјална покана од германската Влада, туку дека Навални од хуманитарни причини брзо влезе во земјата, на барање на неговото семејство.
Навални (44), во четвртокот беше хоспитализиран во Омск, откако му се слоши во авион, западна во кома, па потоа набрзо авионот мораше да слета во овој град. На барање на семејството и пријателите, кои сметаат дека тој е отруен, Навални во саботата од сибирската болница во Омск беше пренесен во болница „Чарите“ во Берлин.
Ново на Сител
-

Фон дер Лајен: Шокантни беа сцените од погребот на Младиќ во Белград
-

Силјановска Давкова го честита 8-ми Септември: Нашата визија е стабилна и напредна европска држава
-

Земјотрес почувствуван утрово во Охрид и околината
-

Макрон бара забрана за социјалните медиуми во цела ЕУ за лица под 15 години
-

Трамп: Цените на нафтата ќе паднат кога ќе ја добиеме војната против Иран
-

Пуштање во употреба на реконструираниот аеродром во Охрид, ќе присуствуваат премиерот Мицкоски и вицепремиерот Николоски
-

Македонија одбележува 35 години независност
-

Топло со југоисточен ветер, од утре попладне наместа дожд
