Захарова: Русија сака поблиска соработка со САД во борба против тероризмот
Русија се надева дека може да воспостави поблиска соработка со САД, со цел да се спречи можна употреба на оружје за масовно уништување од страна на терористите, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
- Тоа е областа во која сакаме многу поблиска соработка со Американците. И не само со нив, туку и со останатите членки на меѓународната заедница. Крајно време е да работиме заедно, додаде Захарова.
Таа истакна дека за ова прашање говорел и рускиот министер за надворешни работи на вчерашното заседание на Советот за безбедност на ОН, при што „го истакнал фактот“ дека терористичките организции и екстемистичките елементи поседуваат нуклеарна технологија.
Захарова нагласи дека Русија постојано предлагала иницијатива за соработка, но не добивала поддршка во тоа. - Би сакале да видиме дека и САД манифестираат ист пристап, ијави Захарова.
Ново на Сител
-
80 години слободно Скопје
-
Прес конференција на опозицискиот лидер
-
Продолжува судењето за двојното убиство
-
Средба Сиљаноска – Радев во Баку
-
Азески: Банките да пуштат пари
-
Контролирани пожари - Можат ли да помогнат со справувањето на шумските пожари
-
Модерното време штетно влијае на правилен раст и развој
-
Преглед на вестите од светот