Захарова: Никогаш во историјата Русија не го прекинала гасот за Европа

Никогаш во својата историја Русија не го прекинала гасот за Европа, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова, коментирајќи ја изјавата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која за време на посетата на Азербејџан изјави дека Русија „го прекинала гасот за Европа“ и дека ја користи енергијата како оружје.
„Урсула е вистинска лажливка. Русија никогаш во својата историја не го прекинала гасот за Европа“, истакна Захарова, пренесена од руските медиуми.
Според неа, секој граѓанин на земја-членка на Европската Унија може да ја тужи Фон дер Лајен за давање лажни информации.
Таа процени дека Фон дер Лајен ја заведува јавноста за прашања што ги засегаат сите земји-членки на ЕУ.
„Прво, оваа структура воведе нелегални рестриктивни мерки против Русија, поточно против нашиот енергетски сектор, а потоа, кога климатизерите во седиштето во Брисел не се вклучуваат за никого освен за Урсула поради присилно штедење, тие објавуваат уште една лага за лошата Русија“, истакна Захарова.
Според планот на Европската Унија, целосна забрана за руски течен природен гас ќе биде воведена на 1 јануари 2027 година, а до есента истата година увозот на руски гас преку цевководи ќе биде целосно суспендиран.
Во април, Словачка поднесе тужба против Европската Унија против забраната за увоз на руски гас.
МИА
Ново на Сител
-

ММФ предвидува Македонија до 2031 да биде седма најбрзорастечка економија во Европа
-

Инфантино: СП 2026 постигна неверојатен успех
-

СП 2026: Аргентина со чудесен пресврт го совлада Египет во осминафиналето
-

Али: Наскоро граѓаните ќе ја имаат на располагање апликацијата „Where Are You“
-

Галузин: Балтичките држави си играат со оган поради акциите против Русија
-

Трамп од Анкара упати критика до НАТО и изрази разочарување од недостигот на поддршка за САД
-

Клековски: Секој лек што е на позитивната листа мора да се издава на рецепт
-

Кривична за две физички и едно правно лице за намерно предизвикување стечај и оштетување или повластување на доверители
