Свет
17. February 2022 - 12:19

Захарова: Може ли да го добиеме распоредот за нашите инвазии оваа година, сакам да си го испланирам одморот

Високи руски функционери ги исмеваат западните медиуми, главно таблоиди, што го објавија 16 февруари како „датум на инвазијата“ кога Русија би можела да ја нападне Украина.

„Би сакала да прашам можат ли американските и британските извори на дезинформации да го објават распоредот на нашите претстојни инвазии за оваа година. Би сакала да си го испланирам одморот“, напиша на социјалните мрежи портпаролката на рускиот министер за надворешни работи, Марија Захарова.