-->
-->
Захарова: Москва има докази за мешања од Запад во руските избори
-->
Москва има цврсти докази за деструктивно мешање на некои западни земји во руските внатрешни работи во пресрет на претседателските избори закажани за следниот месец, изјави денеска портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.
Според Захарова, Москва веќе ги предупредила тие земји дека „таквите активности треба да прекинат“.
- Доколку не прекинат, ние ќе будеме принудени да преземеме контрамерки, додаде Захарова на прес-конференција во Москва.
Захарова, меѓутоа, не соопшти детали за какви мешања во внатрешните работи на Русија станува збор.
Претседателските избори во Русија се закажани за 18 март.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Привремена забрана за дронови во Њу Џерси од безбедносни причини
-
Автобус и две возила удриле во крави на автопатот Скопје - Тетово
-
Сообраќајна незгода на патот Скопје - Тетово, пренасочен сообраќај
-
Мицкоски: Со тоа што Груби е бегалец само потврдува дека е виновен
-
Намалена видливост поради магла на патните правци Ресен - Битола и Струга - Охрид
-
Тошковски: МВР има снимка, полицаецот е суспендиран
-
Нетанјаху: Израел го штити светот од Хутите
-
Нови 118 случаи на грип во државава